Signed in as:
filler@godaddy.com
Signed in as:
filler@godaddy.com
Hајдобрата инвестиција е инвестицијата во себе и во сопственото знаење, кое подоцна може да се претвори во стабилен и успешен бизнис во beauty индустријата.
Оваа професионална обука за Lash & Brow Lifting ве воведува во една од најбараните техники во современата индустрија на убавина. Преку внимателно структуриран пристап, ќе го добиете целото потребно знаење и практични вештини за работа со клиенти на професионално ниво.
Ќе ви биде пренесено сè што е изградено преку искуство, пракса и едукација, со цел да можете самостојно да ја совладате техниката и да ја примените во вашата кариера.
Секоја обука е целосно индивидуална (1-на-1), со фокус на ученикот, прецизноста и квалитетното совладување на техниката, овозможувајќи ви сигурен почеток уште веднаш по завршување.
• Вовед во ламинација на трепки и веѓи (Lash & Brow Lift)
• Алергии и контраиндикации
• Материјали за работа, дезинфекција и организација на работно место
• Консултација со клиент и анализа на потреби
• Видови силиконски подлоги и нивна примена
• Протокол на процедурата чекор по чекор
• Нега и одржување по третманот
• Скрипта за Lash & Brow Lift
• Практична и теоретска едукација
• Сертификат од нашето студио
• Индивидуална работа со едукатор
• Поддршка по завршување на обуката
По успешно завршување на обуката, добивате сертификат и можност за самостојно работење со клиенти во Lash & Brow Lamination индустријата.
Today | Closed |
Copyright © 2026 Beauty Residence - All Rights Reserved.